По 12 години пауза, Митко Секулов со нова самостојна изложба во Струмица

Митко Секулов пред струмичката јавност синоќа се престави со нови 33 уметнички дела инспирирани од музиканти, птици и пејзажи. Ова е единаесета самостојна изложба на Секулов која во наредните десет дена ќе биде отворена за посетелите во Отворениот граѓански универзитет „Јоска Свештарот’’ во рамките на одбележувањето на Денови на доживотното учење во Македонија.


Сликите на струмичкиот уметник се на продажба по симболична цена, а 50 одсто од паричните средства ќе бидат наменети за фондот на Банката на храна.


Митко Секулов е роден во 1950 година во Струмица. Завршил виша земјоделска школа, а целиот работен век го минува во „Струмица Табак“.
Учествувал на неколку ликовни колонии, групно излагал на повеќе изложби во земјата и странство. Член е на ДЛУС од 1993 година.

Comments are closed.