Во училиштата ќе се поставуваат специјални канти за отпадни батерии

Општина Струмица се вклучи во проектот за селектирање на отпадни батерии кој што го спроведува еколошкото друштво „Гоу Грин“ од Скопје. Во основните и средните училишта ќе бидат поставени 15 специјални канти за  отпадни батерии. Целта на проектот е да се развие свеста кај младите за потребата од селектирање на отпадни батерии затоа што тие спаѓаат во опасен отпад. Претставници на еколошкото друштво, вчера, го презентираа проектот во средното општинско училиште „Јане Сандански“.

-Потпишавме договор со општина Струмица и градоначалникот ни дозволи да поставиме 15 канти за отпадни батерии во основните и средните училишта во Струмица. Денеска дојдовме да одржиме презентација за младите, да им се објасни дека батериите спаѓаат во опасен отпад и треба специјално да се селектираат и да се фрлаат во специјални канти, а не во канти за друг отпад. Откако ќе бидат поставените кантите, планирано е да се прават едукативни кампањи по училиштата. Имаме голема поддршка од општината, градоначалникот и одделението за животна средина и се надеваме дека таа ќе продолжи и понатаму, рече Џан Мамут од ЕД „Гоу Грин“.

Comments are closed.