На местото на „Али Баба’’ ќе се изгради нов, модерен базен

На синоќешната четрвта сесија на „Форуми во заедницата’’, дел од советниците на општина Струмица предложија изградба на олимписки базен со отворен и затворен систем кој би можел да се користи во секоја годишна доба.
Градоначалникот Зоран Заев даде образложување дека ваква инвестиција не се покажала како исплатива во градовите кои веќе поседуваат ваков тип на базен.


Во долнителното излагање, градоначалникот рече дека стариот базен „Али Баба’’ во Струмица повторно ќе заживее бидејќи на оваа место се планира изградба на нов, модерен базен. Ова ќе биде приватна инвестиција на фирмата „Грозд Струмица’’ која засега изработува кост бенефит анализа. Можната изградба на базенот би започнала на пролет.

Comments are closed.