Вечерва отварање на изложбата на Митко Секулов

По повод Денови на дожовотното учење во Македонија при Отворениот граѓански универзитет „Јоска Свештарот “ од Струмица, ќе се отвори самостојна изложба на слики од Митко Секулов. 
Митко Секулов е роден во 1950 година во Струмица. Завршил виша земјоделска школа, а целиот работен век го минува во „Струмица Табак“.

Со сликарството аматерски се бави од најрана младост, досега реализирал 10 самостојни изложби, учесник е на неколку ликовни колонии, групно излагал на повеќе изложби во земјата и странство. Член е на ДЛУС од 1993 година. 
Секулов пред љубителите на уметноста ќе се претстави со 33 слики настанати последните неколку години. 
Изложбата ќе биде отворена вечерва во 18 часот во ликовниот салон „РУ“ при Отворениот граѓански универзитет „Јоска Свештарот“ – Струмица

 

Comments are closed.