Васко Пиличев прогласен за најдобар педагог во 2014 година

М- р Васко Пиличев, професор по гитара во ОМУ „Боро Џони’’во Струмица, добитникот е на наградата за најдобриот педагог во 2014 година од Здружението на   музички и балетски педагози на Република Македонија.

Значајно признание за успешната работа на Пиличев му беше врачено на свечената церемонија на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

„Наградата ми е многу значајна затоа што ја добивам од колегите педагози кои можеби се и најкомпетентни и најмногу знаат низ каков пат поминуваме ние наставниците додека  спремаме дечињата за еден натрпевар. Исто така, морам да ги споменам сите мои ученици, бивши, сегашни и идни, за залагањата, за трудот и за трпеливоста во оваа работа, бидејќи без нивни труд оваа награда сугурно немаше да биде во моите раце’’ – вели Васко Пиличев за наградата.

Comments are closed.