Турново со минимална победа против Дрита

Фудбалерите на Турново во реванш натпреварот во четвртфиналната фаза од Купот славеа со минимална гостинска победа од 0:1 над Дрита. Во првиот натпревар Турново ги реши дилемите, откако ја декласираше Дрита со висок убедлив резултат од 5:0. Вкупниот резултат од двата натпревари е 6:0 за Турновци.
На денешниот натпревар единствениот погодок беше постигнат од страна на Долапчиев во 60. минута. Фаворитската улога ја оправда Турново со минималната победа.

Тетекс беше убедлив против Миравци откако славеше со резултат од 5:0. Миравци имаше минимална предност од 0:1 откако во првиот натпревар победија. Вкупниот резултат е 5:1 во корист на Тетекс.
Во сабота со почеток од 13:00 часот, Работнички ќе игра против Еуромилк, резултат е 2:3 во корист на Еуромилк, а вториот натпревар за во сабота е дуелот помеѓу Ренова и Вардар. Во првиот натпревар Вардар со пресврт дојде до победа од 1:3.

 Александар Ванев

Comments are closed.