Младите од „Црвен крст’’ и „Порака’’ организираа хуманитарна забава

Волонтерите од Црвен крст – Струмица во соработка со ЦПЛИ „Порака’’ заеднички соработуваа во организирање на хуманитарна приредба која синоќа се одржа во Домот на АРМ по повод Денот на лицата со посебни потреби.

Преставниците од овие две организации изложија на продажба рачно изработени пораки и новогодишни украси, а заеднички се потрудија  да организаират и богата забавна програма во која настапија млади фолклористи, пејачи, поети.

„Децата сакат да пренесат порака дека лицата со посебни потреби не се далеку од нас, тоа се лицата помеѓу нас и ние треба да ги прифатиме како такви и да се потрудиме што е можно повеќе за нивна социјализација во општеството’’ – порача Љупчо Горгиевски, секретар на Црвен крст – Струмица.

Присобраните парични средства од синоќешната приредба се наменети за лицата со посебни потреби.

Comments are closed.