Градоначалникот Заев одржа средба со лицата со посебни потреби

Градоначачникот Зоран Заев синоќа во Домот на АРМ  одржа традиционален состонок со лицата со посебни потреби и лицата со пречки во развојот. На средбата се разговараше за потребите и проблемите со кои се соочува оваа група на граѓани, а кои можат да влезат како предлог  во Буџетот на општина Струмица за наредната 2015 година.

„Од овие состаноци произлегуваат вистинските потреби на граѓаните кои во овие девет и пол години  Советот и јас како градоначалник ги прифаќаме и ги решаваме. Генерално, немаме постојни проблеми со кои се соочуваат лицата со посебни потреби, но никојпат не е на одмет да имаме нешто плус повеќе кое ќе значи за нивна дополнителна инклузивност, социјализиација и олеснување на животот’’  – изјави градоначалникот Зоран Заев.

Comments are closed.