Општина Струмица го одбележа Денот на Дрвото

Во одбележување на Денот на дрвото, општинската администрација и вработените во општинските јавни претпријатија утрово пошумуваа на локацијата – стара градска депонија, кај базната станица на Јавното претпријатие „Струмица гас“ која што се наоѓа на транзитниот пат на излезот од Струмица кон Валандово.
На оваа локацијата денеска се засадени 350 садници на бор и туја.
„Денеска имаме посебна агенда затоа што не веруваме во малите садници кои што власта се обидува да ја излаже, на еден начин, целата Македонија. Секоја година садиме повеќегодишни садници. Денеска се засадени борчиња и туји и со ова отпочнуваме пошумување на оваа локација и нејзино хортиклултурно уредување. Земјата е потрупена и останува засадување на дрвцата согласно со Законот за затворање на поранешни депонии’’ – изјави на денешната акција градоначалникот Зоран Заев.

Тој додаде дека во околината на гасната станица на „Струмица гас’’ ќе се засадат 2000 дрвца. Пошумувањето е финансирано од општина Струмица, ЈКПД „Комуналец’’ и дел со донација од „Струмица Табак’’.

Comments are closed.