Да се потрудиме за подобра социјализација на децата со аутизмот – одбележан Денот на лицата со пречки во развојот

Во просториите на Паралелките за образование на ученици со посебни образовни потреби – аутизам при ООУ „Сандо Масев’’денеска беше приредена забава за децата со аутизам.  Дружбата со гостите од здруженијата „Хуманост’’, „Вешта жена’’- Струмица и Одделението  за образование при општина Струмица, беше повод за одбележуавњето на Денот на лицата со пречки во развојот.

 „Сакаме да испратиме порака дека  треба да се обрне внимание  и на лицата со посебни потреби и со пречки во развојот. И тоа не само денес, туку и во текот на целата година. Да се дружиме и соработуваме со нив, да им излеземе во пресрет за нивното образование и социјализација. Се надеваме дека во иднина властите и ентитетите, кои водат грижа за тоа, ќе се потрудат  да постигнеме подобри резултати за нивна социјализација’’ – изјави дефектологот Спасе Додевски.

На денешната забава присуствуваа и членовите на здружението „Вешта жена’’ од Струмица кои неодамна одржаа хуманитарна манифестација за собирање на  парични средства за учениците од  Паралелките за образование на ученици со посебни образовни потреби. Според Магдалена Мафкова, резултатите од акцијата не беа задоволителни.

„Бев премногу разочарана. Многу мал одзив имавме на хуманитарната забава.Затоа, давам апел до граѓаните да, кога се нашата деца во прашање, да се одзиват на вакви акции во иднина’’ –  порачи Мафкова.

Паралелките за образование на ученици со посебни образовни потреби – аутизам при ООУ „Сандо Масев’’  ги посетуваат 12 ученици од  струмичкиот регион.

 

 

Comments are closed.