Турново ремизираше со Ренова на Кукуш

Фудбалерите на Турново одиграа нерешено во рамките од 17. коло на Првата македонска фудбалска лига. Турново на домашен терен силите ги одмери со Ренова, кој што важеше за тежок противник. Натпреварот заврши нерешено 0:0.
После овој натпревар Турновци се наоѓаат на 7-та позиција со 21 осовен бод, додека Ренова е едно место подобро пласирана со 23 бода.
Лидерот Вардар откако беше поразен во минатото коло, во 17. коло одигра нерешено со конкурентот Работнички играјќи 0:0, додека третопласираната Шкендија славеше убедливо во Тетово против Битолски Пелистер со 5:0, со што им се приближи на Вардар и Работнички кон врвот.

Изненадување во оваа коло беше првата победа на Тетекс во оваа сезона против Металург со убедливи 2:0. Тетекс е пласиран на последната позиција со 6 освоени бодови, на 9-то место е Брегалница со 13 бодови.
Во досегашниот дел Турново постигнале 15 погодоци, а примиле 17. Во следното коло а воедно и последно за есенскиот дел од лигата, Турново има тешко гостување кај Работнички, тим кој што е на втората позиција со 35 освоени бодови, со што Работнички е апсолутен фаворит на овој натпревар.

Александар Ванев

Comments are closed.