Струмичките пожарникари имале четири интервенции во периодот од 24 – 30 ноември.
Најдолгата интервенција била во село Бориево каде пожарникари три и пол часа гаснеле запалаен оџак од индивидуална семејна куќа. Потоа 2 часа и 40 минути технички интервенирале на отпушувањто на одводна цевка во селото Банско.
Најкратко се задржале (11 минути) на гаснење на запален отпаден материјал на улицата Ленинова, а локализирале пожар и на запален оџак од индивидуална семејна куќа во село Робово.
Comments are closed.