Отварањето на изложбата на Митко Секулов на 5 декември

По повод Денови на дожовотното учење во Македонија при Отворениот граѓански универзитет „Јоска Свештарот “ од Струмица, ќе се отвори самостојна изложба на слики од Митко Секулов. 
Митко Секулов е роден во 1950 година во Струмица. Завршил виша земјоделска школа, а целиот работен век го минува во „Струмица Табак“.


Со сликарството аматерски се бави од најрана младост, досега реализирал 10 самостојни изложби, учесник е на неколку ликовни колонии, групно излагал на повеќе изложби во земјата и странство. Член е на ДЛУС од 1993 година. 
Секулов пред љубителите на уметноста ќе се претстави со 33 слики настанати последните неколку години. 
Изложбата ќе биде отворена во петок 5 декември во 18 часот во ликовниот салон „РУ“ при Отворениот граѓански универзитет „Јоска Свештарот“ – Струмица

 

Comments are closed.