Градинка „Детска радост’’: Инцидентот се случил надвор од градинката

Од градинката „Детска радост’’ денеска  писмено реагираа  по повод објавата во Дневниот билтен на СВР Струмица  дека Ѓ.И. насилно ја одзел двегодишната ќерка во струмичката градинка „Детска радост’’. Од градинката велат дека инцидентот се случил надвор од оваа установа.

„Најостро ја демантираме информацијата дека  на 25 номеври годинава, таткото ја насилно одзел ќерката од мајката од градинката „Детска радост’’ во Струмица.

Најодговорно тврдиме дека настанот не се случил во градинката, туку надвор, на тротоарот на улицата „Братство Единство’’, пред влезот на градинката’’ – стои во писмената реакција.

 

Comments are closed.