Совети за заштита на вашите очи од оптика ,,Цајс”

Очната оптика „Цајс’’ е првата приватна оптика во Струмица. Оптика „Цајс’’ се занимава со продажба и изработка на наочари, а на своите клиенти  им нуди и одредување на диоптрија со помош на најмодерна опрема.

Семејната фирма, основана во 1990 година, на Димитар Црвен – Мицев и синот Кире Црвен – Мицев продолжува успешно да работи, а следната година ќе ги прослави јубилејните 25 години од основањето.

На кој  временски период треба да го проверувате видот, како  истиот да го  заштитите, кој облик на наочари се „во тренд’’ и со кои проблеми се соочуваат дијабетичарите кога  видот е во прашање,   дознајте во разговорот  со оптометристот Кире Црвен – Мицев од Очната оптика „Цајс’’

Колку често треба да се врши проверка на видот?

Проверката на видот е индивидуална. За оние кои не носат никаква корекција за видот се препорачува да направат преглед барем еднаш годишно, додека кај пациенти кој веќе имаат одредени проблеми со видот се препорачуваат контроли на 3 до 6 месеци.

Контролите се почести кај помладите,  посебно во периодот на адолесценција, и треба да се прават на секои 3 или 6 месеци. Кај повозрасните, проверката на видот се препорачува на 6 месеци или една година.

Кои се показателите дека кај дете е намален видот?

Проверката на очите кај децата игра многу важна улога во обезбедувањето на нормален развој на видот и академските достигнувања на дацата.

Децата со некорегирани проблеми на видот често имаа проблеми со школските задачи. Често пати децата не се жалат на проблеми со видот бидејки едноставно не знаат како изгледа  “нормалното” гледање. Рутинските прегледи на очите кај децата се од клучно значење за децата да бидат подготвени за учење во школото.

Првиот преглед се препорачува да се направи на 3 месечна возраст. Доклку нема никаков проблем наредниот се прави на 3 години , а следниот пред  да започе детето да оди на училиште.

Децата кои имаат ризик фактор за појава на одредени проблеми како што се на пример предвремено раѓање, искрвени очи, фамилијарни проблеми со очите и високи рефрактивни грешки би требало да прават преглед на видот почесто.

Децата кои веќе носат наочари или контактни леќи потребно е  да прават преглед минимум двапати годишно.

Дали е покачена бројката на користење на наочари поради честата употреба на компјутери?

Луѓето во просек поминуваат по 6 часа на ден пред некаков дигитален уред независно дали се работи за компјутер, таблет или мобилен телефон.

Седењето цел ден пред компјутер или мобилен телефон  може да предизвика појава на синдромот на компјутерски вид, кој вклучува: замаглување на видот, главоболки, суви очи и кратковидост ( миопија).

Како да  го заштитиме видот  пред компјутер?

  • Поставете го телото на оддалеченост од околу 50-65 см од екранот, при што погледот треба да ви биде насочен малку надолу (центарот на екранот да ви доаѓа 10-15 см под нивото на очите).
  • Навалете го мониторот – горниот дел треба да биде малку поназад (подалеку) во однос на долниот.
  • Седете на анатомски дизајниран стол кој има потпора за грбот, особено во долниот дел. Чувството на удобност додека седите на столот, влијае на намалување на нивото на стрес што им го предизвикувате на очите.
  • Прилагодете ја големината на текстот за да нема потреба да замижувате за да избистрите.

  • Прилагодете го нивото на светлина и контрастот за да не вложувате посебен напор при гледањето.
  • На секои 20 минути, правете пауза од 20 секунди, гледајќи во нешто на оддалеченост од 6 метри.
  • Не заборавајте да трепкате. Трепкањето природно ви ги измива очите со солзи кои делуваат лековито.
  • Прилагодете ја светлината кога планирате долго да читате од монитор. Светлината што ви доаѓа одозгора треба да се намали до минимум. Природната светлина нека ви доаѓа од страна, не директно во вас или од зад вас. Благо затемнете го екранот и избегнете негово поставување така што би се создавала рефлексија од други извори на светлина.

Какви се искуствата со дијабетичарите кои имаат проблем со менување на диоптријата поради болеста?

Врската помеѓу дијабетот и промената на видот е тесно поврзана и е многу комплексна област на која континуирано се вршат истажувања за олеснување на лицата кои што се засегнати.

Кај дијабетичарите се препорачува почеста проверка на очите која освен проверка на видот се испитува и очното дно кое поради дијабетот е подложено на промени.

Кај пациентите со дијабет треба да се постапува повнимателно при утврдување на диоптријата па понегогаш се прават повеќе прегледи за да се утврди кончната диоптрија, бидејќи со секоја поголема промена на шеќерот во крвта се менува и видната острина.

Кои облик на наочари денеска  се „во тренд’’

Диоптриските наочари првенствено служат за корекција на видот, меѓутоа денеска наочарите веќе се и моден додаток, односно украс кој треба да ги задоволи естетските стандарди. Затоа наочарите треба да бидат складни со формата на лицето и се дел од модниот стил на секој што ги носи. Трендовите за наочари низ светот се менуваат постојано, така што во моментот најтренди се пластичните наочари со поголеми димензии и во најразлични бои. Оптика „Цајс’’ секогаш ги следи светските трендови и на своите клиенти им нуди најразлични видови на брендови и типови на наочари, за да бидат задоволени сите вкусови.

Наочарите не треба да се сфаќаат во негативен смисол само како помагало, туку баш како дел од стилот и изгледот. Секогаш погледнете ги и славните џет сетери кои што ги следат модните трендови, а наочарите се дел од нив и ги носат со стил.

Comments are closed.