Струмица со победа над фаворитот „Кожув’’

Големо изненадување вечерва направија кошаркарите на КК „Струмица’’ кога на домашен терен го совладаа тимот на „Кожув’’. Иако гевгеличани беа фаворити, струмичани успејаа да ги победат со 66:60 во осмото коло од Првата лига.
Како најдобар кошаркар на КК „Струмица’’ вечерва се издвои Томче Соколов со 29 поени и 13 скока, а потоа Сањин Балаш и Марио Хасанов со 10 постигнати кошеви.

фото: Спортмедиа.мк


Оваа е трета победа во седмиот меч на струмичани додека за гевгеличани трет пораз во само шест одиграни натпревари досега

Comments are closed.