Афоризми на Костадин Устапетров, дел 17

Имаме толку многу одговорни луѓе, што не знаеме кој навистина е одговорен за немаштијата.

 

Ако детето ви е невоспитано, проверете случајно да не му дал домашно воспитание – соседот.

 

Откако се намножија Дракулаџиите, повеќето од народот остана без крв.

 

Дојде демократијата. Сите имаме еднакви права – да пропаднеме.

 

Коњот кој ви дошол дома, ве чука по рамото и ви вели дека сте одличен, ви тврдам дека е тројански.

 

Бадијала сликам во бои, кога сите гледаат црно, од новинар до политичар.

 

Грижи имаат и едните и другите. Сироманите затоа што немаат, а богатите тоа што го имаат да не го загубат.

 

Граматички скоро во сите изрази користиме минато ИЗГУБЕНО време.

Comments are closed.