Струмица убедливо совладана од МЗТ Скопје

Kошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во последниот натпревар во рамки од 7. коло на Првата македонска лига убедливо славеше над КК Струмица со 45 поени разлика.

Натпреварот се одигра во спортскиот центар „Јане Сандански”. Во првата четвртина МЗТ имаше 11 поени разлика односно 21:10, додека во втората четвртина гостите не можеа да достигнат ниту двоцифрен број на погодоци, со што оваа четврина заврши со резултат од 17:8. Актуелниот македонски шампион во третата четврина беше најубедлив со 34:17, а во четвртата четвртина само ја потврди доминацијата на паркетот со 26:18. Крајниот резултат гласеше 98:53 за домаќините.

Најрасположен во редовите на МЗТ беше Дион Диксон со 29 поени и 6 скокови, по 14 поени за актуелниот шампион уфрлија и Иван Маринковиќ и Дамјан Стојановски.

Во редовите на Струмица најефикасен беше Марио Хасанов со 15 поени, еден скок и две асистенции, 13 поени поени уфрли Томчо Соколов, кој исто така запиша и 11 скока со една асистенција.

Во осмото коло Струмица на домашен терен го пречекува Кожув, натпреварот е закажан за 29 ноември.

Александар Ванев

Comments are closed.