Градоначалникот Заев: Блокот кај поранешната касарна ќе стане модерна населба

Урбаниот блок 36 и 37, односно блокот кај поранешната касарна на АРМ, ќе стане модерна населба , а Струмица ќе добие „град во град’’ . Вака градоначалникот Зоран Заев денеска го најави новиот инвестициски зафат во општина Струмица.
Урбанизирањето на блокот 36 и 37 започна со поставување на водоводна и фекална мрежа, а деновиве ќе започне и изградба на атмосферска канализација. Комуналната инфраструктура ќе ги опфати улиците Ѓуро Салај (АТШ Берово) до улицата Никола Тесла (СВР) која ќе биде главна крстосница.


Градоначалникот Зоран Заев изјави дека, до сега, во општина Струмица се имат влеано преку 3, 5 милиони евра од продажбата на земјиште за изградба на колективни згради и користење на комунални услуги, како и од постапка за добивање на одобрение за нови објекти.
„До сега е инвестирано во тампонирање на улици и пробивање на патишта со повеќе од 20 милиони денари. Идната година на територијата на касарната ќе се потроши повеќе од 45 милиони денари за целата комунална инфраструктура која ќе расте паралелно како расте оваа населба.’’ – изјави Заев.


Тој рече дека делот кај поранешната касарна ќе зажиее со изградба на одредени објекти.
„Имаме наменето локации за ново училиште, детски градинки, пазар, мултифункционална сала. Се надеваме дека готовите објекти кои се од здрав карактер конечно ќе бидат предадени кои што се планирани за високо образование, ресторани, студентски домови и слично и со продуцирање на оваа провокација од страна на општината кон државата, да и овие објекти и бидат предадени на општина Струмица.
Градоначалникот Заев истакна и дека оваа е единствена локација од 17.000 метри квадратни за изградба на старечки дом која ќе може да биде квалитетна понуда за постари луѓе од целиот регион.

Comments are closed.