Се тампонира улица во Егејското маало во Струмица

По изведбата на фекалната канализација, денеска почна тампонирањето на улицата во Егејското маало во Струмица. Поради лошите услови, а за да се постигне одредена јакост на теренот, до одредена висинска кота се поставува слој од покрупни камења, по овој ќе се постави слој од поситен камен, по што овој терен треба целосно да се стабилизира. Откако ќе заврши тампонирањето, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ќе ги постави шахтите за канализацијата.

Со градежните активности во Егејското маало кои почнаа пред неполни два месеци, ќе се решат проблемите со поплавите со кои се соочуваа граѓаните во изминатите години.

Comments are closed.