Се санираа делови од патот кон населеното место Дорломбос

Општина Струмица го санираше патот до населеното место Дорломбос, односно делницата од населеното место Костурино во должина од осум километри.

На неколку места овој дел од патот беше оштетен од невремето, поради што жителите имаа сериозни проблеми.

Во завршна фаза е и изградбата на потпорниот ѕид на околу 100 метри пред селото со што целосно проблемите ќе бидат надминати и ќе се овозможи пристап на возилата до ова населено место.

Comments are closed.