Искуствата од Мадрид професорите од СОУ „Јане Сандански’’ ќе ги применат во училиштето

Знаењата стекнати на курсот „Стимулирање на креативноста преку заедничко учење“ ќе бидат применети во наставните методи во училиштето, велат професорите од Средното општинско училиште „Јане Сандански’’ кои учествуваа на меѓународната образовна работилница во Мадрид.


Професорите на курсот учеле како да ја зголемат креативноста на ученикот, како тие да ги покажат своите способности и размислувања надвор од нормите и да применуваат интерактивни методи како што се групна, интерперсонална и интраперсонална работа.
Курсот „Стимулирање на креативноста преку заедничко учење“ се одржа од 9 – 19 ноември во рамките на програмата ,,Еразмус,, на Европската Унија каде учество зазедоа професори од Португалија, Бугарија, Грција, Романија, Белгија и Ирска.

Comments are closed.