Здружението „Контекст’’ – Струмица организира поетска вечер во Скопје

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ започнува соработка со кафе книжарницата „Вештица“ од Скопје. Во книжарницата денеска во 20 часот ќе се одржи „Поетска диску(р)сија“, настан кој ќе биде еден од серијата на поетски читања кои имаат за цел доближување на современата македонска поезија поблиску до публиката.

„Поетска диску(р)сија“ ќе се „послужи’’ со топол чај и кафе, а во пријатна атмосфера ќе се прекршат поетските јазици на неколку поети од Македонија.


„Поетско читање е настан на кој освен да се слушнат стихови, ќе имаме можност и да проговориме за поезијата, за литературата, воопшто. Сè поретко гледаме настани на кои луѓето се обидуваат да се зближат, преку дискусија да се обидат да ги претопат различните дискурси на прием на посебноста на ракописите, нивниот стил, форма, естетска изграденост и израз’’ – вели Митко Гогов, основач на Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“

Самата дискусија за „Поетската дискурсија“ иам за цел да го истражува самиот феномен на поетско читање/ настап од перспектива на самите учесници, како го доживуваат јавниот настап од своја перспектива, како го доживуваат времето и просторот пред и по самиот чин на претставување. Односот на перформативното/ slam читање како актуелен начин на интерпретација, моментот на преод, метаморфоза. Мимичките и гестикулативни форми на изразување, гласовната варијација и боја, артикулацијата и зборовната магика како артистички модел на актуализација на сопственото творештво.

Поезија ќе читаат:

Мартин Богатиноски
Марта Маркоска
Драгана Евтимова
Марјан Минов
Александра Спасеска
Костадин Героски
Слаѓана Атанасова
Ана Бунтевкса
Стефан Марковски
Биљана Стојановска
Андреј Ал-Асади
Виктор Јакимовски
Митко Гогов

Comments are closed.