Активностите околу пречистителната станица се реализираат според утврдената динамика

Во салата на Советот на општина Струмица се одржа состанок на тема “Ревизија на напредокот на реализација на активностите од проектот пречистителна птаница –Струмица“ од страна на Џасперс експерти од ЕУ.

На состанокот присуствуваа претставници од општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“, претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање – ИПА одделение, Министерство за финансии, делегација на ЕУ во Скопје, претставници на НИРАС и конзорциум и експертите на Џасперс (Jaspers).

Целта на состанокот беше да се проверат документите кои се подготвени и напредокот кој е остварен во рамките на започнатите ИПА проекти меѓу кои и за ИПА проектот „Подготовка на студии (ФС, СОЖС, КБА), проектна документација и тендерско досие за собирање и третман на отпадни води за инвестициските проекти во општина Струмица, Битола и Тетово“.

На состанокот беше констатирано дека активностите во рамките на овој проект се одвиваат според утврдената динамика. Мислењето на Џасперс експертите е клучно за одобрување на проектите од страна на Европската Комисија.

Comments are closed.