Одржан Саем за вработување во Струмица

Караванот Саеми за вработување денеска ja посети Струмица. Претежно постари струмичани кои го посетија саемот, имаа можност да се запознаат со понудите за потреба на работен кадар во четириесет компании и можности за преквалификации и доквалификации во истите.


Како што изјави Павлина Георѓиева, директорка на Агенцијата за вработување, структурата на невработени лица во Струмица е различна, а најмогу доминираат лица без образование. Во Струмица активни баратели на работа се вкупно 3000 лица.

 

Comments are closed.