Струмичките пожарникари сo седум интервенции во минатата недела

Струмичката Територијална противпожарна единица имала вкупно седум интервенции во градот и населените места во изминатата недела.

Во периодот од 17 – 23 ноември, пожарникарите гаснеле запален отпаден материјал, опожарени електрични броила, локализирале пожар во дел од индивидуална семејна куќа и полесно моторно возило. Исто така, пожарникарите технички интервенирале на отстранување на кабел од дрво.

Comments are closed.