Полицијата утврдила 70 прекршоци на учесниците во сообраќајот во Струмица

Во четири акциски контроли кои струмичката полицијата ги спровела во изминатата недела на подрачјето на општина Струмица, констатирани се 70 прекршоци на учесниците во сообраќајот, известуваат од СВР Струмица.

Полицијата контролирала прекршоци кои ги прават пешаците, возачи кои управуват возила под дејство на алкохол и дали се почитувани правилата на брзината на возење.


Во периодот од 17 – 23 ноември поради неправилно дејствие и присуство на алкохол се случиле и две сообраќајни незгоди во кои се повредени четири лица.
Во полицијата се пријавени и шест нарушувања на јавен ред и мир, и една кражба на 2000 денари.

Comments are closed.