Подготвителни работи за асфалтирање улици во Вељуса и Дабиле

Во рамките на Програмата за работа на Општина Струмица за 2014 година, започнаа градежните подготвителни работи за асфалтирање на улица во Вељуса  која се наоѓа во месноста Зурапова чешма.

По извршеното тампонирање, деновиве улицата ќе биде асфалтирана со 7 сантиметри асфалт, на површина од 1200 метри квадратни.

Според информацијата од Одделението за комунални работи при Општина Струмица,  тампонирана е и улица во Дабиле со површина од 370 метри квадратни, која во наредните денови исто така ќе биде асфалтирана.

Comments are closed.