Кошаркарите на Струмица славеа против УКК Гоце Делчев

Кошаркарите на КК Струмица славеа на домашен терен против УКК Гоце Делчев од Штип со 72:53.

Струмичките кошаркарите одигра еден квалитетен натпревар и постигнаа над 70 поени. Во сите 4 периоди Струмица имаше предност. Во првата четврина домаќините имаа предност од 24:18, додека во втората разликата беше три поени односно 15:12, со што првото полувреме заврши со резултат од 39:30.

Во вториот дел, односно третата четвртина домаќините повторно водеа со резултат од 18:14. Во четвртата четвртина Струмица беше убедлива со 15:9 и конечните 72:53.
Кај Струмичани најдобар беше Марио Хасанов со 15 поени и три скока, поен помалку постигна Томчо Соколов. За штипјани Никола Караколев постигна 15 поени и еден скок, исто така со двоцифрен број на поени е и  Димитар Петрушев кој постигна 10 поени и два скока.

Александар Ванев

Comments are closed.