Во тек е реконструкција на паркот во Дабиле

Деновиве започнаа планираните активности за реконструкција на паркот во селото Дабиле. Покрај целосното уредување на паркот, во тек се работите за обновување на клупите и нивно боење, како и комплетна санација на лулашките и другите елементи од детското игралиште.

Според најавите од ЈПКД „Комуналец’’ во наредните денови ќе се изврши и целосна санација на оградата на паркот.

 

Comments are closed.