Металург убедлив против Турново

Металург денес беше убедлив против Турново на домашен терен. Во првиот дел од натпреварот Металург дојде до водство преку Стојановски во 15. минута од натпреварот. Хоризонт во последните минути од првиот дел имаше една сериозна шанса за да постигне гол за израмнување, но не ја искористи. Домаќините на полувреме заминаа со заслужена минимална предност од 1:0. Во вториот дел од натпреварот Стојановски повторно ја затресе мрежата во 48. минута од натпреварот. Домаќините притискаа до последната минута. Во 52. минута Стојановски имаше 100-процентна шанса за да постигне хет-трик, но среќата не беше на негова страна, топката дојде до нозете на Ангелов кој успеа да ја затресе мрежата на Турново, но голот не важеше, откако претходно беше досуден фаул. Во 70. минута Хоризонт на тревникот остана со играч помалку. Натпреварот помина без жолти картони. Турновци го претрпеа шестиот пораз. Фудбалерите од Железарница со солидна бодовна состојба имаат можност да фатат приклучок кон некое од местата кој водат во Европа.

Пелистер не ја оправда фаворитската улога во натпреварот со Тетекс кој што заврши нерешено 1:1. Лидерот Вардар беше декласиран од Ренова со високи 3:0. Работнички откако славеше убедлива победа од 4:0 против штипска Брегалница, се доближи на 3 бода до Вардарци.
Промена на врвот од табелата нема. Вардар е прв со 37 бодови, Работнички е второпласиран со 34 бодови, додека Шкендија е на третата позиција со 27 бодови. На дното од табелта и понатаму е Тетекс со само 3 освоени бодови, Брегалница е девета со 12 бодови, а едно место погоре е Пелистер со 18 бодови.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.