Матурантите од СОУ „Јане Садански” даруваа крв

Околу 50 матуранти од Средното општинско училиште „Јане Сандански” вчера учествуваа во крводарителска акција под мотото „ Дарувај крв, спаси живот“ која се одржа во училиштето.

Оваа е една од низата акции во која гимназијалците покажаа хуманост и желба да помогнат на оние на кои им е ваквата помош потребна. Како што велат, традицијата на вакви акции ќе продолжи и понатаму.

Comments are closed.