Книгата „Помеѓу редови’’ Ѓорѓи Панов ја посвети на својот чичко, Антон Панов

По промоцијата во Радовиш, струмичкиот афористичар Ѓорѓи Панов синоќа ја престави својата нова збирка на афоризми „Помеѓу редови’’и пред струмичката публика во НУЦК „Антон Панов’’.

Како што вели авторот, афоризмите се инспирирани од секојдневните теми, а  содржи резенции од врвни афористичари од Балканот и светот.

-       Збирката е посветена на мојот чичко Антон Панов, , истакнат македонски драмски пистаел и еден од првите афористичари во Македонија – вели Ѓорѓи Панов.

„Помеѓу редови’’ е четврта збирка на афоризми на Ѓорѓи Панов. Претходните три се преведени и на англиски јазик.

 

Comments are closed.