Граѓаните и градоначалникот го креираат буџетот за 2015 година

Граѓаните на Струмица учествуваат во креирањето на Буџетот на општината за 2015 година заедно со градоначалникот Зоран Заев, а во рамките на програмата „Форуми во заедницата“.

И втората форумска сесија, а во рамките на овој трет буџетски форум, која што синоќа се одржа во домот на АРМ, преку масовното присуство на граѓаните ја потврди континуираната поддршка на моделот на партиципативен развој на заедницата на локално ниво.

Градоначалникот Зоран Заев детално го образложи приходниот и расходниот дел на буџетот, со што ја отвори можноста за директно учество на граѓаните со свои сугестии. Граѓаните учесници на форумот работат во 12 работни групи од различни области и до 12 декември треба да ги дефинираат и предложат своите идеи и сугестии, односно, да го скројат буџетот по нивна мерка.

Следната, трета сесија од овој форумски процес ќе се одржи наредниот петок (28.11.2014г.) со почеток во 18 часот во просториите на домот на АРМ.

 

Comments are closed.