„Јаглика“ реализира проект поддржан од општина Струмица

Здружението за превентивна медицина и природно лечење „Јаглика“ од Струмица одржа две презентации на темите „Како зрело да се реагира на стресот? (Депресијата кај современиот човек како плод на суетната себичност) и „Генетското потекло и карактеризацијата на Македонците“ (10 антрополошки типови на македонскиот народ и нивните карактерни предизвици), а предавач беше Милош Богданович, писател од Србија. И двете теми предизвикаа голем интерес кај струмичката јавност.

-Здружението  „Јаглика“ и оваа година има проект финансиски поддржан од општина Струмица и многу сме им благодарни за тоа. Оваа година ја одбравме темата за зависности, а минатата година ја обработувавме храната. Најдовме интересни анализи од господинот Богданович кој на еден интересен начин го опишува психичкото празнење и како човек станува зависник насочувајќи се кон себе и своите задоволства и како посегнувајќи по дрогата и алкохолот се повеќе  навлегува во еден круг. Тоа е еден многу лош круг и ние сакаме да им помогнеме на тие луѓе, изјави Панче Донев од здружението „Јаглика“.

Comments are closed.