Учениците од Струмица приготвија богата трпеза на традиционални јадења

Учениците од основните и средните училишта во Струмица, кои учествуваа во проектот „Промовирање на детските права и интеркултурна комуникација“, синоќа со помош на родителите подготвија богата трпеза на традиционални македонски и турска јадења за гостите и преставниците на локалната заедница. Со оваа презентација и денешното дефилирање низ градскиот плоштад „Гоце Делчев’’, децата го одбележаа Универзалниот ден на детето.

Инаку, учениците од Струмица оваа лето беа дел од проектот „Промовирање на детските права и интеркултурна комуникација“ на летниот камп во с. Банско.
Како спроведување на локалната кампања во Струмица, децата одбра промовирање на интеркултурна комуникација и детските права преку која сакат да ја развиват меѓусебната перцепција и односите на учениците, нивните родители со различна етничка и културна припадност како и да развијат свест за значењето на соработката со луѓето од различни култури.

Проектот „Промовирање на детски права и интеркултурна комуникација“ го спроведува Коалицијата на младински организации „Сега’’ со помош на општина Струмица и Детската фондација „Песталоци’’.

Comments are closed.