Општина Струмица со финансиска поддршка на претставата „Будење на пролетта

Вечерва со почеток во 20 часот во театарот „Антон Панов“ премиерно ќе биде изведена претставата „Будење на пролетта“ на Франк Ведекинд, а во режија на Васил Михаил. Претставата е на драмското куклено студио „Думон“ и е финансиски поддржана од општина Струмица, а во рамките на програмата за финансиска подршка на здруженијата на граѓани за оваа 2014 година.
-Би сакал прво да одбележам дека овој проект драмско куклено студио „Думон“ од Струмица е финансиски поддржан од општина Струмица веќе четврта година и тоа е од огромно значење. Оваа година освен што имаме две премиери, следната ќе биде идната недела, имаме одобрено и некои средства за набавка на опрема која ќе биде набавена во месец декември и се надевам дека од наредната година ќе имаме можност со поголема техничка поддршка да оствариме и поголеми резултати во делот на техничката изведба на самите претстави. Инаку, Франк Ведекинд е германски автор од крајот на 19 и почетокот на 20 век, еден исклучителен интелектуален ум и талентиран драмски автор, кој зборува за интересни, пред се, општествени теми. Во оваа претстава „Будење на пролетта“ тој зборува за моралните вредности и тоа за католицизмот или притисокот  на католицизмот кон крајот на 19 век во Германија, каде што под моралниот притисок младите луѓе таму се неинформирани, потиснати од тој морал на ситната и покрупната буржоазија, изјави режисерот на претставата Васил Михаил на денешната прес конференција.

Comments are closed.