Кошаркарите на Струмица загубија од Работнички

Во заостанатиот натпревар од 5. коло на Првата македонска лига, кошаркарите на Работнички на гостински терен славеа убедливо со високи 42 поени разлика. 
Во првиот дел од натпреварот резултатот беше израмнет односно 38:38, сепак кошаркарите на Работнички сериозно се заканија уште во третиот период.
„Градски парк” третата четвртина ја доби со високи 31:9 со што струмичани беа прегазени. Во четвртата четвртина, кошаркарите на Работнички повторно имаа доминација со што овој период заврши со резултат од 27:7, за Работнички.
Ѓорѓи Чековски имаше учинок од 22 поени и 9 скока, а го следеа Тодор Гечевски и Дарко Соколов со по 17 поени.

Кај домашните најефикасен беше Томчо Соколов со 16 поени и 4 скока, во листата на стрелци со двоцифрен учинок се запиша и Марио Хасанов со 12 поени и 6 скока.
На 22 ноември Струмица на домашен терен ќе игра против Универзитетскиот клуб Гоце Делчев од Штип, додека на 26 ноември Струмичани како домаќини ќе ги пречекат кошаркарите на МЗТ Скопје.

На крај конечниот резултат гласеше 54:96 за гостите.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.