Турново ја прегази Дрита во Купот на Македонија

Турново со убедливи 5:0 ја доби Дрита во првиот четвртфинален натпревар во Купот на Македонија. Голеадата ја започна Најденов во 43. минута од натпреварот. Долапчиев во продолжението од првио дел од натпреварот погоди за 2:0. Во вториот дел од натпреварот голеадата продолжи, во 70. минута повторно погоди Долапчиев, една минута покасно, во 71. минута од натпреварот Долапчиев постигна хет-трик, а Турновци веќе имаа предност од 4:0.

Четири минути подоцна, во 75. минута од натпреварот Илиев ги постигна конечните 5:0 за убедлива победа на Турново.
Вардарци со ресврт дојдоа до триумф од 3:1 против Ренова. Миравци со минимални 1:0 го совлада Тетекс.
Најблиску до полифиналето е Турново, кој што ја декласираше Дрита.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.