Земјоделците се информираа за аплицирање за ИПАРД програмата

Центарот на заедницата на општина Струмица, во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, вчера организираше информативна сесија за апликации на повикот од ИПАРД Програмата 2007-2013 за земјоделските произведувачи и преработувачи, како и   заинтересирани за инвестирање во руралнита подрачја.

На средбата учесниците имаа можност да добијаат информации како да ја соберат потребната документација за сложената апликација за добивање на грантот, но и совети во што е најисплатливо денеска да се инвестира во земјоделието.

„Потребно е земјоделските производители да се јаваат за грантот во овој период  бидејќи сега не се толку зафатени со земјоделски работи ‘’ – вели Стојан Глигоров, советник во Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството.

Глигоров истакна дека оваа година е забележано значително зголемување на апликантите за ИПАРД програмата, посебно  во делот за набавка на трактори, приклучна механизација и замена на старите системи за наводнување.

Comments are closed.