Утре информативна сесија за земјоделците за ИПАРД програмата

Центарот на заедницата на Општина Струмица во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството организира информативната сесија за апликации на повикот од ИПАРД Програмата 2007-2013. Сесијата ќе се одржи утре (19 ноември) во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струмица од 13:00 часот.



На сесијата ќе бидат објаснети мерките: 101, 103, 302, а присутните ќе имаат можност да постават прашања во врска со ИПАРД програмата.

Comments are closed.