ОО СДСМ Струмица: Власта на Груевски на граѓаните не им го исплаќа законскиот додаток за трето дете

Миле Милановиќ, член на Извршниот одбор на ОО СДСМ Струмица, денеска одржа прес – конференција на која изјави дека власта не го исплаќа законскиот додаток за трето дете иако таа потрошила огромни суми народни пари на медиумска кампањата.

Во продолжение интегрален текст од прес – конференцијата:

 

„Почитувани,

 

Власта на Груевски на граѓаните не им го исплаќа законскиот додаток за трето дете.

 

Од јануари до јуни на струмичани не им е исплатен надоместокот во износ од 8.362 денари месечно или за шестте месеци вкупно над 50 илјади денари по семејство.

 

Граѓаните кои добиле решение за продолжување на правото на родителски додаток за трето дете на почеток на годината, цели шест месеци не добиле ниту денар! Иако според Законот за заштита на децата парите  следуваат секој месец.

 

Во чиј џеб завршија тие неисплатените пари?

 

Што и кого спонзорираат граѓаните на Република Македонија?

 

Власта на Груевски потроши огромни суми народни пари на медиумска кампањата за трето дете. Ниту го постигнаа посакуваниот ефект, ниту го исполнија тоа што го ветија.

 

Популизмот и лагите се типични за политиката на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски’’ – изјави Мили Милановиќ.

 

 

Comments are closed.