Ограбени угостителски објект и товарно возило во Струмица

Угостителски објект и товарно возило се ограбени во изминатата недела во Струмица. Крадците од овие места однеле термограф, мобилен телефон и пари при што направиле материјална штета од 35.000 денари, известуваат од СВР Струмица.
Од 10 до 16 ноември се случила и една сообраќајна незгода поради неприлагодена брзина на возење во која тешко повредени се двајца пешаци.


Полицијата спровела и контроли на техничката исправност на автобуси и такси возила кои вршат јавен превоз на патници, контрола на возачи кои управуват возила под дејство на алкохол и
контрола на брзина на возење. Во трите акциски контроли констатирани се 52 прекршоци.

Comments are closed.