Што прикажа Турново во последните 5 кола

Турновци во последните кола од Првата македонска фудбалска лига забележаа само една победа, на три натпревари одиграа нерешено, додека на еден натпревар загубија, со што од овие 5 натпревари фудбалерите на Турново „собраа” 6 бодови.
Анализираме, во 11 коло, Турновци гостуваа во Битола кај Пелистер каде што одиграа 0:0. Потоа следуваше тежок натпревар каде што Турново на домашен терен го пречекаа тимот на Шкендија. Шкендија фаворитската улога ја оправда со минимална победа, и со освојување на трите бода.
Во 13-тото коло, Турновци гостуваа во Штип кај Брегалница. Оваа беше тежок натпревар за Турново бидејќи заработија два црвени картони, со што Брегалница многу полесно дојде до израмнување на резултатот преку Маркоски во 51. минута од натпреварот.

Повторно тежок натпревар за Турново на „Кукуш” против непоразениот лидер Вардар. Вардарци како апсолутни фаворити на овој натпревар одиграа нерешено (0:0), со што бодовите беа поделени, а фаворитската улога не беше оправдана со победа.
Во последното коло Турново конечно ја забележа победа во последните 5 одиграни кола, против отпишаниот Тетекс, со резултат од 2:0, натпревар одигран на „Кукуш”.
Во досегашните 15 натпревари во лигата, Турново има постигнато 15 погодоци а исто толку има и примено. Турновци се пласирани на 6-тото место со 20 бодови.
Најдобар во редовите на Турново останува Георгиев со 5 погодоци, втор на листата на стрелци кај Турновци е Кочоски со 3 гола.
Во следното коло Турново гостува кај Металург со што оваа ќе биде тешко гостување за Турново со евентуална победа Турновци ќе се изборат за 5-тото место.
Во последните 5 кола Металург има послаба форма во однос на Турново, една победа, едно реми и три порази, со што фудбалерите на Металург на овие 5 натпревари „собрале” 4 бода.
Следното коло е закажано за 23 ноември – недела со почеток од 17:30часот.
До крајот на есенскиот дел од лигата ни остануваат уште вкупно 3 кола, со 18-тото коло се затвара есенскиот дел.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.