Струмичанки со победа над одбојкарките од „Универзитет Гоце Делчев’’

Одбојкарскиот натпревар помеѓу „Македонија Макс’’ и „Уни. Гоце Делчев‘‘ се заврши со победа на струмичанки од 3:0 по сетови.

Иако Штипјанки беа подобри во првиот сет и поведоа со 7:3, одбојкарките од Македонија Макс возвратија со подобра игра и на сервис на Лазарова направија серија од пет поени со што го презедоа водството со 8:7 кое постепено го надградуваа до 25:17 и со тоа поведоа во сетови.

Продолжението донесе уште подобра игра на струмичанките, кои благодарение на М. Ричлиева имаа водство со 11:5. Добриот сервис на Нистрова и смечевите на Лазарова и С. Ричлиева беа најдоброто оружје на Макс со што дојдоа до 20:7, за на крајот сетот да заврши со 25:12. Последниот дел од мечот донесе израмнета  игра со резултатска „клацкалка“. Гоце Делчев имаше предност од 17:18, но одличните сервиси на Лазарова доведоа до комплетен пресврт и со 25:19, трите поени останаа кај домашниот тим.

извор: www.sport.com.mk

Comments are closed.