Нови прозорци во СОУ„Никола Карев“

Заврши поставувањето на новите прозорци во Средното општинско училиште „Никола Карев“. Вкупно 73 прозорци со окапници се поставени во училниците и административните простории. На првиот кат се поставени и метални решетки. Со новите прозорци значително се подобруваат условите за изведување на воспитно – образовниот процес во училиштето.

Освен прозорците, во училиштето е заменет и стариот со нов експанзионен сад за парното греење. И двата зафата училиштето ги реализираше со сопствени средства и средства од блок дотациите, со што го потврди нивното правилно искористување.

Comments are closed.