Заврши дружбата помеѓу ученичките од ПСУ „Јахја Кемал’’ и Коџалија

На ученичките од јуручкото село Коџалија и од Приватното средното училише „Јахја Кемал’’ од Струмица, кои учествуваа во работилницата „Намалување на малолетнички бракови преку економско осамостојување’’, вчера им беа доделени сертификати и таблети за успешна партиципација во овој проект.


Работилницата имаше за цел подигање на свеста за сфаќањето на важност на образовниот процес и намалување на бројот на малолетнички бракови помеѓу Јуруците. Во текот на заедничка дружба, учеснички ја покажаа својата креативност преку пишување и цртање, а гостинките од Коџалија ја претставија и својата традиционална облека.
Работилницата „Намалување на малолетнички бракови преку економско осамостојување’’ ја спроведе Регионален бизнис центар – Скопје, а е финансиран од Европски инструмент за развој на демократија и човечките права.

Comments are closed.