Претставник на општина Струмица на работилница во Брисел

Од 10-12 ноември 2014 година, во Брисел, НАЛАС (мрежна асоцијација на  локални власти на југоисточна Европа) коорганизираше работилница на одржлив урбан транспорт насоченa кон локалните власти од Југоисточна Европа. Од Македонија учествуваа шест општини, а општина Струмица ја претставуваше Софија Ристова Патрикова, претставник на Секторот за урбанизам и комунални работи.

Ова е петта НАЛАС активност спроведена во соработка со LAF/TAIEX, управувани од страна на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија и Комитетот на регионите. Околу 40 учесници, претставувајќи општини од Западен Балкан ( Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија) и Турција учествуваа на работилница и дознаа за иницијативи на ЕУ за поттикнување и промовирање на програмата за одржлива урбана мобилност, да се има позелена и поздрава околина и повеќе конкурентни градови.

Беа опфатени кампањи за подигање на мобилноста кај граѓаните, програми за проекти, акциони планови за урбана мобилност, изготвување на одржливи стратегии, како и најдобрите практики на локално ниво. Учесниците имаа можност да се запознаат со богати искуства на говорници од Европската Извршна комисија, Комитетот на регионите, Меѓународната асоцијација на јавниот превоз и средни претпријатија. Исто така, тие се запознаа со најдобрите практики во одржлив урбан транспорт во градовите во Бугарија, Белгија, Шпанија и Португалија.

Comments are closed.