Со делење на Ашура, одбележaн Денот на епилепсијата во ПСУ „Јаха Кемал”

Месецот ноември е посветен за подигање на свеста за епилепсијата ширум светот. Во одбележувањето се приклучија и учениците од Средното приватното училиште „Јахја Кемал’’ од Струмица.
Ученичките приготвија за гостите Ашура, традиционално благо правено од пченица, овеси, леблебија, бадеми и неколку врсти на овошје (урми, кајсии, смокви, грозје).

За Ашура е поврзана и легендата која зборува дека за прв пат ја направил Ное кога се спремал за потопот. Таа е симбол на споделувањето, солидарноста, љубовта, богатството и заедничкиот живот на народот.

 

Comments are closed.