Советниците ги усвоија програмите за развој на општина Струмица

Советот на општина Струмица денеска ја одржа дваесеттата седница на која членовите ги усвоија предлог – планот на програмите за развој, предлогот за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“, а ја донесоа и одлуката за определување на локација за поставување спомен обележје – скулптура дрво од рециклиран железен материјал на здружението „Евро визија“.

Ова спомен обележје ќе биде поставено во големиот градски парк, а е дело на академскиот скулптор Никола Пијанманов.Најмногу внимание на денешната седница предизвика првата точка, односно предлог – планот на програмите за развој. Тоа е тригодишен предлог – план за 2015, 2016 и 2017 година во кој се опфатени 40 програми кои покажуваат во кој правец се движи општина Струмица. Од програмите се гледа дека акцент е ставен на екологијата, од причина што  во голем број населени места е предвидено изградба на канализациони системи, дали со средства од општинскиот буџет или со грантови од европските фондови.

Во 2015 година е планирано да почне изградбата на канализационите системи во три населени места, а потоа доколку има услови ќе продолжи и во другите населени места. Водоводните мрежи ни се во ред. Овој план опфаќа 40 програми, а најмногу пари се издвоени за уредување на градежното земјиште, односно за пробивање на патишта во индустриски зони, предвидени се 100 милиони денари и тоа 40 милиони во 2015 година, и по 30 милиони денари во 2016 и 2017 година. Втората точка беше барање согласност за вработување во библиотеката, тоа е само предлог, инаку крајниот збор за двете вработувања го даваат министерството за финансии и министерството за култура, дали ќе ги одобрат или не. Библиотеката располага со многу мал број вработени и тоа само 6 со фонд на книги и читатели колку што има  во библиотеката во Штип, а каде што се вработени 26 луѓе и поради тоа се побарани тие вработувања, изјави Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.

Comments are closed.